Арсенал бара одложување на дербито на северен Лондон, Тотенхем смета дека „лажат“

186

Арсенал побара од Премиер лигата да го одложи натпреварот против Тотенхем закажан за в недела. Според информацијата која ја пренесоа медиумите, „топчиите“ имаат проблем со Ковид-19, повреди и други отсуства.

„Го презедовме овој чекор неволно, но многу од нашите играчи во моментов се недостапни поради коронавирусот, повредите и заминувањето на Африканскиот куп на нации “, се вели во соопштението на „топчиите“.

Премиер лигата објави дека пријавата на Арсенал ќе биде разгледана утре.

Во меѓувреме се јавија и од Тотенхем. Тие не се задоволни од барањето на нивниот ривал, затоа што тврдат дека во Арсенал нема екстремна ситуација со Ковид-19 случаи.

ПретходноПелистер ги стартуваше подготовките, на прозивката беше и градоначалникот Коњановски!
СледноФутсал репрезентацијата доживеа тежок пораз на вториот тест со светскиот првак