Бен Арфа се сели во Лил, негов десетти различен клуб во кариерата

220

Поранешниот француски репрезентативец Хатем Бен Арфа ќе има нов клуб откако го напушти Бордо. Тој договорил соработка со актуелниот француски шампион Лил и наскоро ќе се пресели во редовите на „кучињата“. Тоа ќе биде десетти различен клуб во неговата кариера. Да потсетиме, тој почна во Лион, па отиде во Марсеј, од таму во Њукасл, играше една сезона за Хул, се врати во Франција прво во Ница, па ПСЖ, па Рен, кратко играше за шпански Ваљадолид, а во 2020 година потпиша за Бордо за кои одигра 24 прволигашки натпревари со ефект од два гола.

Сега ќе оди во Лил.

Крилниот играч има и 15 настапи за француската репрезентација.

 

ПретходноАлегри: Оваа сезона Интер е најдобар, за идната ќе видиме
СледноДеветти гол на Тричковски, реми на АЕК