Венеција потпиша со Нани

186

Италијанскиот прволигаш Венеција го објави ангажманот на поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Нани. 35-годишниот Португалец потпиша договор со клубот од Серија А до летото 2023 година.

Венеција е на 17. место во поредокот по 20 кола и грчевито ќе се бори за опстанокот во елитата.

Нани последен пат играше за Орландо Сити во МЛС лигата. Оттаму си замина во ноември и оттогаш е без тим.

ПретходноФутсал репрезентацијата доживеа тежок пораз на вториот тест со светскиот првак
СледноПолска, Исланд и Германија тргнаа со победи на ЕП 2022