По проспиената ноќ по вчерашниот пораз од Словенија на првиот меч на ЕП, нашите ракометари денеска имаа дружење со новинарите на кои го дадоа своето мислење.
Гоце Георгиевски не го криеше своето разочарување по поразот.
“После загубен натпревар нормално е дека има разочарување. Чувството кај екипата е поинакво, но треба да биде со позитивни чувства од тој натпреварм да извадиме една позитивна поука. Со Словенија одигравме добар натпревар, можеби не беше толку квалитетен од двете страни, имаше грешки на двете страни. Сепак ние сме една млада репрезентација, во едхна транзиција. За дел од нашите ракометари ова е прво искуство од вакви големи натпреварување“ посочи тој и продолжи..
„Мислам дека сме на вистински пат, Да гледаме напред. Утре играме со Црна Гора. Нема многу време нешто да се менува, колку што можеме ќе ги анализираме, денеска имаме и тренинг, не се сомневам дека ќе бидеме добро подготвени. Секако дека повеќе ни одговара играта на Црна Гора, сме имале повеќе бодови, се надевам дека така ќе биде и утре“ заклучи Георгиевски.