Со деветтиот гол сезонава, Иван Тричковски, сепак, не успеа да и обезбеди победа на својата АЕК Ларнака на гостувањето кај екипата на Паеек. Двете екипи одиграа одличен меч со четири гола и конечни 2:2.
Тричковски реализираше од пенал во 90. минута за предност на АЕК Ларнака од 2:1, но домашните кои беа упорни во судиското продолжение, сепак, погодија за реми.
Начиот екс-репрезентативец е на врвот на листата на стрелци во кипарското првенство со 9 погодоци, колку што во моментов има и Финецот Садик од екипата на Докса.