Килде му се реваншира на Одермат во Венген

136

FOTO> Twitter

Норвешкиот скијач Александер Амот Килде победи денеска во спустот во рамките на Светскиот куп кој се одржа на легендарната патека во швајцарски Венген. Килдер победи со резултат 1:42.42 минути.

Швајцарецот Марко Одермат заврши втор со 0,19 секунди заостанување, а трет низ целта помина неговиот сонародник Беат Фојц со заостанување од 0,30 секунди.

Килде воедно му се реваншира на Одермат за вчерашниот пораз во супервелеслаломот на истата патека.

Инаку Килде е прв на табелата во спуст со 269 бодови, 12 повеќе од Австриецот Матијас Маер кој е втор, а денеска заврши на шестата позиција.

Во генералниот пласман на лидерското место остана Одермат со 1025 поени, 376 повеќе од Килде. Утре на истата патека ќе се одржи уште една трка во спуст.

 

ПретходноФИФА суспендира играч на Сенегал пред стартот на мечот со Гвинеја
СледноНови проблеми во Хрватска, уште двајца позитивни на Ковид-19