Кире Лазаров: Ракометарите имаат тефтерчиња за да запишуваат што им кажувам!

2008

Нашиот селектор по мечот со Словенија синоќа даде свој коментар, кажа што кажа. Ги пофали своите избраници. Но утрово како малку да беше покритичен кон нив. Едноставно нема лабаво кај Кире Лазаров. Па така предмалку на дружењето со новининарите во Дебрецен тој беше сосема искрен.

Јас искрено не го видов на снимка мечот со Словенија пред да си легнам, и добро направив. Утрово одигледав 30 минути и добро направив што не го видов низ снимка целиот меч затоа што има многу работи. Покрај тоа што владее кај нас задоволство многу работи од првиот дел што ги договаравме не ги исполнивме, а пак бевме блиску што се вели. По мечот бев „благ“ и морав да ги пофалам, сега ќе имаме анализа и морам да им укажам на грешките. Се договоривме да не ги понесат емоциите и да бидат фокусирани за тоа што се договаравме, да го оставиме славењето за крај. Сепак се работи за млада и неискусна екипа. Како што минува времето треба да знаат да стана победници. Тоа ме загрижува. Ми се допаѓа јавноста што е позитивна“ посочи Лазаров.

Според него кај нашите момци имаше и добри и лоши страни…и не само кај младите…

Црна Гора не не плаши. Јас реков дека ние не треба да се оптоваруваме со противниците, туку треба ние самите да се надоградуваме. Значи од нас зависи дали ќе имаме добри резултати или не. Ние влегуваме во систем, можеме да корегираме одредени работи. Фокус и концетрација, тоа е прво што е им напишано пред натпреварот во 60 минути. Да, и мене понекогаш на 40 години ме водат емоции, сепак имаше премногу добри и премногу лоши работи во краток период и тоа индивидуални. И кај Талески, Кузмановски, Велковски, Георгиев и кај поискусните. Да, ова на еден позитивен начин ќе им го кажам. Тоа да си го стават во глава. Уште кога бев поставен за селектор имаат тефтерчиња, некои се срамат да запишуваат, некои запишуваат. Нели – Будалата памети, паметниот запишува. Затоа велам запиши си, повтори си. Така ќе ти остане во главата“.

Утре играме со Црна Гора, тоа ќе биде уште еден тежок меч за нашите момци..

Нејќам да ја потценам Црна Гора. Има таму добри индивидуалци, можеби и подобри од нашите, но ние сме подобри како колектив. Не сакам да ги отварам картите. Ќе ги анализираме, иако ништо не се знае. Кај нив не очекувавме да играат некои играчи, но ете играа. Навистина чудна ситуација, не знаеме што да очекуваме и на што да се спремаме. Од ден на ден с еменува ситуацијата и треба да се прилагодуваме“ зкалучи Лазаров.

ПретходноГоце Георгиевски: На вистински пат сме, да гледаме напред!
СледноКФСМ со реакција за кривичната пријава за Перо Антиќ