Неверојатно: Навивач во Англија казнет со 22 недели затвор!

286

И тоа го има во Англија. Навивачот кој на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила во ФА купот, навредуваше на расна основа, потоа нападна и полицајци и работници на стадионот, казнет е со 22 недели затворска казна.

Покрај затворската казна, Арон Саундерс, е казнет со и шестгодишна забрана за влез на стадионите во Англија.

Посета на фудбалски натпревар треба да биде убаво искуство, но лицата кои се однесуваат како Саундерс ја расипуваат забавата“ истакна Мет Форд, претставникот на полицијата во Манчестер.

ПретходноМалку за ракометот и политиката: “Тато, а зошто коментаторот вика Северна Македонија?“
СледноЧичко Климе и Бојан најдобриот навивачки тандем, Тарчуловски не го прескокнаа и ова ЕП (ФОТО-ВЕСТ)