Пелистер ги стартуваше подготовките, на прозивката беше и градоначалникот Коњановски!

427

Како што и објави “Спортмедиа“, градот Битола одново ќе раководи со Пелистер,односно клубот се враќа во сопственост на Општината. Градските власти ќе се обидат да најдат решение за наталожените проблеми со кои се мачи гордоста на Битола.

Токму и затоа на денешната прозивка и прв тренинг на стадионот “Петар Милошевски“, присуствуваше новиот градоначалник Тони Коњановски.

По состанокот со играчите и стручниот штаб, на кој Коњановски вети дека локалната власат ќе даде поддршка на клубор, тренерот Горан Ганчев и играчите го одработија првиот тренинг.

 

ФОТО: BitolaNews

 

ПретходноМитревски пристигна во Дебрецен, пречекан со овации (ВИДЕО)
СледноАрсенал бара одложување на дербито на северен Лондон, Тотенхем смета дека „лажат“