Македонија без Кирил Лазаров во составот беше близу до сенација против силната Словенија, големиот број на технички грешки ни го зедоа легетимното право да се радуваме на стартот на Европското првенство. За жа, на место бод или два, бевме поразени со 27-25.
Нашите момци беа добро тактички потковани, добро ги анализирале сите движења на противникот, па токму затоа овој пораз боли.
„Искрено сум разочаран, имаме за што да жалиме по овој натпревар, на кој покажавме квалитет, но помалото искуство се покажа решавачко. Одигравме квалитетно, на високо ниво, се боревме за секоја топка, но грешките што ги правевме во клучните моменти беа клучни за конечниот исход. Едно е сигурно, после овој пораз нема да се предадеме, напротив, видовме дека можеме да играме со квалитетни репрезентации. Сакаме да забележиме најмалку една победа, за нас и за овие верни навивачи кои ни дадоа огромна поддршка“, изјави Пешевски.
Следен противник е Црна Гора. Оваа селекција се соочува со Ковид-проблеми, но тоа не значи дека Македонија треба да се опушти, напротив ќе биде уште потешко, а победата и тоа како е важна. Не само за ова ЕП, туку и за она што следува потоа. Важно е да се намалат техничките грешки, да се одигра цврсто во одбраната.
„Црна Гора не е наивен противник, но наша желба е да стигнеме до триумф. Клучно ќе биде да го намалиме бројот на грешки и на загубени топки, ако одиграме како против Словенија, а ги намалиме тие грешки, верувам дека ќе се радуваме на победата“, додаде пикерот.
Дуелот меѓу Македонија и Црна Гора се игра утре со почеток во 20:30 часот.