Подвиг на Германката: Ќе учествува на осмите Зимски олимписки игри

108

Клаудија Пехштајн од Германија која се натпреварува во брзо лизгање ќе биде првата жена која ќе настапи на осум олимписки игри со оглед на тоа дека е вклучена во германскиот тим за Зимските олимписки игри во Пекинг кои ќе почнат на 7 февруари.

Пехштајн е и најуспешна германска спортистка на ЗОИ со девет медали – до сега освои пет златни, две сребрени и две бронзени медали.

49-годишната Пехштајн учестуваше на ЗОИ во Албервил во 1992 година, а мораше да ги пропушти ЗОИ во Ванкувер 2010 кога безуспешно се бореше на суд против обвиненијата за користење на недозволени супстанции.

FOTO> Twitter

ПретходноКатарецот Насер Ал-Атија четврти пат со титулата на Рели Дакар
СледноФИФА суспендира играч на Сенегал пред стартот на мечот со Гвинеја