Полска, Исланд и Германија тргнаа со победи на ЕП 2022

111

Ракометните селекции на Полска и Исланд дојдоа до премиерните победи на европското првенство откако вечерва славеа над Австрија, односно Португалија. Полјаците одиграа одличен меч и сигурно дојдоа до бодовите на мечот со Австрија совладувајќи ја со 36:31, а одличен меч имаа и „рибарите“ кои со 28:24 беа подобри од селекцијата на Португалија.

Во натпреварот од 1. коло од групата Д во Братислава, германските ракометари ја совладаа Белорусија со 33:29. Германците до победата дојдоа во вториот дел, откако Белорусите водеа со 7:2 на стартот и заминаа на полувреме со 18:17.

Германците ги предводеше Хефнер со осум гола, а Белорусите Кулеш со седум.

ПретходноВенеција потпиша со Нани
СледноМение и Халанд го „средија“ Фрајбург (ВИДЕО)