Менаџерот на Манчестер Јунатед Ралф Рангник зборуваше пред новинарите пред гостувањето кај Астон Вила во двобој од 22 коло на англиската Премиер лига. Германецот неодамна го презеде Јунајтед и се очекува од него да направи револуција, но засега тоа бавно оди.
„Ги победивме еднаш и сега ќе треба да го покажеме најдоброто лице за повторно да ги победиме на Вила Парк. Бев изненаден од послабите тимови во Премиер лигата кои се многу добро физички, тактички и организациски подготвени. Во Германија, кога некој од подобрите тимови игра против послаб тим, обично победува, барем во осум или девет од десет случаи. Се уште сме во процес на развој и свесен сум дека работите нема да се средат преку ноќ, но се надевам дека можеме да направиме неколку побрзи чекори“, изјави Рангник.