Рамин Алии од Шкупи потпиша во Скендербеу

527

Досегашниот играч на тимот на Шкупи, и Македонскиот репрезентативец до 19. односно 21. година Рамин Алии, е нов член на Албанскиот прволигаш, Скендербеу.

Родениот Тетовчанец сцојата кариера ја започна во Шкендија, и ја мина младинската школа на актелниот шампион на Македонија, а потоа пристигна на Чаир, каде што настапуваше за Шкупи. Денеска тој со посретство на менаџерот Шакир Реџепи, преминува во тимот на Скендербеу и ја стартува својата интернационална кариера.

„Секако дека сум презадоволен што потпишувам за клуб кој има амбиции, кој има одлични услови, и кои ќе ми ја пружи шансата да напредувам како играч“ – ни изјави Алии.

 

ПретходноТРИ МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ДОБИВКИ ЗА СТАРТ НА 2022
СледноРоберт Митев си замина од Силекс