Во екот на подготовките за претстојната полусезона, во таборот на Силекс остануваат без Роберт Митев. Офанзивецот зимава си заминува од Кратово и напролет ќе има нов клуб.
Тој инаку ја мина младинската школа на Вардар, а потоа настапуваше и за екипите на Љубанци, Еуромилк, Влазерими, Тиквеш, Беласица и Охрид.
Што се однесува пак до потенцијалните засилувања за Силекс, во Краово сеуште молк за таа тема. Се чека официјално да бидат претставени две до три нови имиња во текот на следните два до три дена.