Рогановиќ се враќа, Чавор во „аут“ против Македонија

415

Ракометната селекција на Црна Гора ќе биде следниот противник на Македонија на Европското првенство. Натпреварот се игра во сабота од 18 часот, а на клупата треба да биде селекторот Зоран Рогановиќ. Тој по седум дена доби негативен тест на коронавирус и се упати кон Унгарија. Сепак, во Дебрецен го чека уште еден круг на тестирање пред да добие дозвола за да биде на натпреварот.

Црногорците десеткувани настапија против Данска и изгубија со 30-21. Во составот немаше неколку ракометари поради коронавирус, а истите веројатно ќе ги нема ни против Македонија. До овој момент позитивни се средниот бек Стеван Вујовиќ, пикерот Небојша Симовиќ, а од вчера позитивен е и десниот бек Стефан Чавор.

ПретходноНови проблеми во Хрватска, уште двајца позитивни на Ковид-19
СледноАлегри: Оваа сезона Интер е најдобар, за идната ќе видиме