Со одиграниот меч вчера против репрезентацијата на Словенија, Стојанче Стоилов, стана нашиот репрезенативец со најмногу настапи на Европските првенства. Ова за него беше 29. меч на континенталните турнири, со што го мина Борко Ристовски и Дејан Манасков кои имаат по 28.
Секако, Стоилов не планира во блиска иднина да се пензионира, што значи дека оваа бројка само ќе се зголемува.
Кога е во прашање Топ 5 тука се уште Кире Лазаров (27), Филип Миркуловски (26) и Ацо Јоновски (25).