Шокантни вести доаѓаат од Мелбурн утринава по наше време. На Новак Ѓоковиќ поништена му е визата и тој треба да биде депортиран. Тоа значи дека нема да игра на Австралија опен.Но, има тука едно но…
Имено, барем такви се вестите од Мелбурн, адвокатскиот тим на Србинот повторно ќе се жали на одлуката на министерот за Имиграција.
А тоа пак значи дека Новак ќе биде во притвор додека трае жалбената постапка од 28 денови, и тоа значи дека тој може да игра на АО.
Во случај неговата жалба да биде одбиена тогаш автоматски ќе добие казна од тригодишна забрана за влез во Австралија.