И на ова Европско првенство „црвено-жолтата“ боја не изостануваше на трибините. „Феникс“ Арената го доби посакуваниот шмек. Очекувано, поголемиот број на фанови беа токму од Македонија.
Меѓу нив и беше чичко Климе, кој не пропушта ниту едно големо натпреварување на македонската репрезентација. Таткото на Стојанче Стоилов на ова Европско првенство беше во најубавото друштво. Од трибини ја бодреше Македонија заедно со својот внук, Бојан, синот на Столе. Двајцата од оваа сезона ги следат и натпреварите на Вардар во СЦ „Јане Сандански“.
Нашиот фоторепортер, Петр Стојановски на трибините ги „улови“ и Јохан Тарчуловски и неговата сопруга Соња. И двајцата се ракометни фанатици, беа на ЕП во Виена пред две години, постојано ја бодрат македонската ракометна репрезентација.
Дебрецен ја доби потребната слика, со „Фалангата“ се е поинаку, Европското првенство веќе има шмек.