Шкупи го претстави Куевен

496

Есенскиот шампион во ПМФЛ, тимот на Шкупи, денеска го промовираше своето најново засилување, интернационалецот од Бразил, Да Силва Инасио Куевен.

Се работи за офанзивец кој е дел од тимот на Шкупи, од стартот на подготовките, што значи дека е веќе на тренинг десетина дена, и од кого Чаирчани очекуваат многу напролет.

Поучени со странските засилуавања од изминатиот период, кој речиси сите од ред се погодија, односно одиграа одлично во дресот на Шкупи, управата и овојпат се одлучи за странец кој ќе мора сепак, своите квалитети да ги покаже и докаже на терен.

„Многу сум среќен и мотивиран што ќе играм за овој тим. Ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за овој дрес. Амбициите на Шкупи се јасни и затоа сум тука. Ќе се бориме да станеме шампиони и ќе се погрижиме нашите навивачи да бидат среќни и горди на својот тим“, изјави Бразилецот Инасио Куевен. 

ПретходноЖирков не се дава – на 38 години потпиша за нов клуб
СледноЛеовски позитивен, седум дена во карантин во Португалија