Жирков не се дава – на 38 години потпиша за нов клуб

321

Поранешниот руски репрезентативец Јури Жирков ја заврши неколку месечната потрага по нов клуб. 38-годишниот офанзивен бек е слободен од јули минатата година откако го заврши престојот во Зенит. Чекаше и одбра. Фудбалерот кој има 105 натпревари за Русија потпиша договор со Химки до крајот на сезоната со опција да биде продолжен на уште една.

Жирков е легенда на рускиот фудбал. Почна во Спартак Тамбов, па играше за ЦСКА Москва каде што се прослави и од каде отиде во Англија, поточно во редовите на Челзи. Се врати во Русија во 2011 година и тоа во Анжи, играше и за Динамо Москва, па пет сезони во Зенит.

Со ЦСКА ја освои руската Премиер лига во 2005 и 2006 како и Купот на УЕФА во 2005. Со Челзи триумфираше во Премиер лигата и во ФА купот во 2010 година.

Со Зенит три пати беше шампион на Русија (2019, 2020, 2021) и рускиот Куп (2016 и 2020).

 

ПретходноФилип Глигоров заминува од Партизани
СледноШкупи го претстави Куевен