Кирил Лазаров на крајот на оваа сезона треба да стави на крај на играчката кариера. Ова Европско првенство требаше да биде последно големо натпреварување во националниот дрес. Но, пред дуелот со Словенија дојде шокантна информација, поради повреда мак-гол машина нема да ја видиме на теренот, тој ќе ја извршува само селекторската функција.
Со оглед дека нема да го видиме на теренот, прашањето кое само се наметнува е дали можеби ќе го одложи пензионирање во македонскиот дрес и ќе го видиме на следното Светското првенство. Лазаров вели дека во овој момент не размислува на тоа. Она што му пажа тешко е што не може да си помогне во ситуација кога станува збор за него.
„Тешко прашање. Не сум размислувал на таа тема, фокусиран сум само на репрезентацијата. Ова што ми се случи навистина е тешко, сум помогал на другите, но сега не можам да си помогнам на себе си“, кратко прокоментира Лазаров.
Македонија во исчекување на резултатите од новите ковид-тестирања се подготува за утрешната средба против Црна Гора, која е закажана со почеток во 18 часот.