Обамејанг има проблеми со срцето како последица на Ковид-19

277

Напаѓачот на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, го пропушти мечот со Гана на Африканскиот куп на нации поради проблеми со срцето предизвикани од коронавирусот.

Напаѓачот на Арсенал во изминатиот период беше позитивен на Ковид-19. Во меѓувреме доби негативен тест и се приклучи на репрезентацијата на натпреварувањето во Камерун, но вирусот очигледно остави последици.

Според последните информации од Габон, проблемите со срцевиот мускул се главната причина поради која 32-годишниот напаѓач не настапи на дуелот со Гана.

Останува да видиме дали Обамејанг ќе биде подготвен за продолжување на турнирот.

ПретходноМение и Халанд го „средија“ Фрајбург (ВИДЕО)
СледноПех за Портланд: Лилард мора на операција, пауза најмалку два месеци