Денеска попладне се одиграа две пријателски средби, и тоа во Штип и Велес. Брегалница во првиот меч под водство на новиот стратег Илчо Ѓорѓиоски убедливо го победи второлигашот Кит Го со 3:0. Стрелци на головите беа Зоран Андонов, Марјан Алтипармаковски и Мартин Стојанов. Ова беше и единствена контрола за “сините“ пред заминувањето во Анталија.
Во Велес пак домашниот Борец со 4:0 беше убедлив против составот на Македонија ЃП. Стрелци на головите беа Садики, Ибрахимовиќ, Ѓорѓевиќ и Ѓорѓиевски.