Томовски: Играме добро, одбраната е на високо ниво, ни фалат детали за победа

169

Ракометната репрезентација на Македонија вчера на отворањето на Европскиот шампионат во Унгарија, загуби од Словенија. Но, не се посрамоти, напротив, имавме сериозна шанса и да ги освоиме првите бодови на овој турнир. Играта, одбраната се за секоја пофалба, а тоа го велат сите кои нешто се прашуваат за ракометот.

Наш најдобар поединец, ако така може да се каже беше голманот Мартин Томовски кој денеска, по преспиената ноќ вели дека има за што да жалиме затоа што Словенија едноставно не не надигра, напротив.

„Точно, загубивме, но во оваа наша игра имаше многу позитивни нешта. Играта ни беше побрза, поубедвлива, одбраната беше на едно високо ниво. Едноставно ситници, моменти, моментално невнимание, не чинеа пораз. Денеска е нов ден, ќе се погрижиме да ги корегираме сите грешки, недостатоци, и едноставно да ја искористиме оваа ситуација, да дадеме се од себе, за да се радуваме на позитивен резултат против Црна Гора“ – вели нашиот голман. 

На прашањето што одлучи вчера, мотивацијата, притисокот, или едноставно фактот што од него се очекуваше да блесне нашиот голман одговори.

„Се си има свое, не сум заслужен само јас за моите одбрани, тука е и одбраната да ми помогне. Соработката со блоковите, се си има свое, и добарата анализа секако, се подготвивме знаевме од каде доаѓаат шутевите, бевме подготвени“ – додаде Томовски.  

ПретходноМитревски на пат кон Дебрецeн, има шанси утре да игра со Црна Гора!
СледноГоце Георгиевски: На вистински пат сме, да гледаме напред!