ТРИ МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ДОБИВКИ ЗА СТАРТ НА 2022

282

Новата година почна со три МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивки во првите десет дена, со вкупна сума од 4,6 милиони денари. Среќните добитници доаѓаат од Тетово, Гостивар и од Струга.

Ако првиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во 2022 е предвесник за цела година, тогаш на играчите на Видеолотарија Касинос Австрија им претстојат плодни денови. Фантастичната добивка ја освои А.И. на 3 јануари, во објект на нашите соработници од Моцарт, во Тетово и изнесува многу блиску до максималната граница од 1,8 милиони денари, поточно 1.772.464 денари.

Вториот и третиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ беа освоени за време на божиќниот викенд, на 8 и на 9 јануари. Првиот во објект на Спорт Лајф, во Струга го освои В.Е. во износ од 1.669.568 денари, а вториот во Гостивар, во Моцарт,  со вредност од 1.234.288 денари го освои Т.Л.

Ова е само најава за уште една забавна и исполнета година за играчите на Видеолотарија Касинос Австрија со омилените добивки МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, кои можат да донесат суми и до 12.000.000 денари.

Само за потсетување, под слоганот „Играј за забава, Играј одговорно“,  Видеолотарија Касинос Австрија израдува многу играчи, кои освоија фантастични добивки. Во текот на 2021 доделивме вкупна сума од 378.556.748,00 денари за освоени 134 МИЛИОНЕР и 17 СУПЕР МИЛИОНЕР  ЏЕК ПОТ добивки на видеолотариските терминали.

 

МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ и понатаму ќе ги усреќува играчите на Видеолотарија Касинос Австрија со добивки кои се движат од 1.200.000 до 1.800.000 денари, заедно со сензационалниот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, чија вредност достигнува до 12.000.000 денари.

 

ПретходноЛеовски позитивен, седум дена во карантин во Португалија
СледноРамин Алии од Шкупи потпиша во Скендербеу