Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во „Феникс“ Арената го игра вториот меч на Европското првенство. Противник е селекцијата на Црна Гора, меч кој мора да се добие, за прва победа на континенталното натпреварување, за полесен пат кон следното Светско првенство.
ЕХФ ги делегираше судиите за нашата средба, правдата ќе ја дели литванската двојка Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика, додека пак дуелот меѓу Данска и Словенија (20:30 часот) им припадна на Шпанците Андреу Марин и Игнасио Гарсија.
Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевскки го добија првото делегирање на Европското првенство, ќе ја делат правдата на Словачка и Литванија во рамките на групата Ф.