Никола Митревски покажа колку ја сака својата татковина, како се цени дресот на националниот тим. Беше позитивен на Ковид-19, остана во Скопје, чекајќи да добие два негативни тестови. Се случи тоа, долета во Дебрецен, вечерва застана на мрежата.
Лавовски се бореше, се обидуваше да ги врати своите соиграчи, да ја донесе првата победа на Македонија на ова Европско првенство. Но, ние одеше едноставно, на крајот средбата ја заврши со десет одбрани.
„Одигравме далеку од тоа што го подготвувавме за Црна Гора. Мислам дека ова е натпревар под нашите можности, но од секој натпревар треба да се учи. Честитки до Црна Гора, беа подобри, повеќе мотивирани, агресивни, тоа се трите причини за овој резултат.
Поголемиот дел од играчите веќе имаат добро искуство и ако не делуваме како целина, туку како индивидуи не можеме да направиме ништо. Верувам во стручниот штаб и мислам дека се што прават е добро и има зошто го направиле тоа. Денеска сите грешевме. Не го изгуби натпреварот некој поединец, така да поразот е на цела екипа“, изјави Митревски.
Во составот го немавме ниту Стоилов, искусниот голман признава дека и тоа е еден проблем.
„Секое отсуство ремети без разлика за кој станува збор, а особено доколку ви дали Стоилов кој за нас е многу битен во играта, но општо и во соблекувалната и на клупата. Добивме поддршка од него, како што доликува, но ни претстави проблем кога дознавме денеска дека е позитивен и се надевам дека ќе се врати брзо“, додава Митревски.
He’s baaaaaccck … Nikola Mitrevski! 🔥🇲🇰#ehfeuro2022 #watchgamesseemore pic.twitter.com/GVgORznoC2
— EHF EURO (@EHFEURO) January 15, 2022