Со голот на Мохамед Салах во 69. минута репрезентацијата на Египет дојде до триумф од 1:0, во дуелот со Гвинеа Бисао и на тој начин ги обезбеди стартнтие три бода на овогодинешниот Африкански куп на нации.
Откако во првото коло Египет загуби од Нигерија, овојпат фаворитот се исправи пред предизвикот и во клучниот дуел обезбеди победа. Противникот израмни во последните моменти од мечот преку Балде но голот беше поништен од ВАР поради прекршок.