Стручен коментар – Ристо Магдинчев: Големо разочарување….

2030

Ако по мечот со Словенија, иако загубивме, коментарите беа позитивни, тогаш вечерва по поразот од Црна Гора тие и тоа како се негативни. Па и самите репрезентативци и селекторот Лазаров се самокритични.

Нашиот стручен коментатор Ристо Магдинчев вели дека одамна нема гледано полош настап на нашата репрезентција.

Како прво да кажам и јас како и сите сум разочаран, искрено многу разочаран. Можам да се сложам дека ова беше исклучително лош настап на Македонија, еден од најлошите на големите натпреварувања. Ние не успеавме да го премостиме тоа од позитивниот впечаток со Словенија да одиграме уште подобро со Црна Гора. Како да мислевме дека победата сама по себе ќе си дојде. Едноставно психолошки паднавме“ разочаран е Магдинчев.

Тој смета дека сме играле брзоплето, дека одбраната во поголем дел била ужасна…

Во првиот дел на тие наши 6-0 во одбраната повторно не пробиваа кај што е Георгиев, ни направија 4:0 во серија. Потоа на наша одбрана 5-1, не пробиваа на местата меѓу 1-2 и 4-5. Дуел-игра немавме, игра немавме, но пак резултатот беше 16-17, значи еден гол разлика. Во вториот дел катастрофа, да се постигне само 8 голови на еден ваков меч против Црна Гора е лошо, крајно лошо, да не употребам погруб збор. Среќа што Митревски фати три зицери, инаку ќе загубевме катастрофално. Немаше менување на ритамот, ние знаевме што сакаме. За разлика од нас, репрезентацијата на Црна Гора беше паметна, мудра, знаеше да ги искористи сите наши слабости и киксови“.

Магдинчев смета дека Талески и Кузмановски морале да одиграат далеку подобро.

Апсолутно. Тука нема дилеми. Јас не можам да сфатам Велковски да се пробива, Миркуловски исто така, а Талески и Кузманоски да ги нема никаде. Имаше тотален дисбаланс во нашата игра. Време е за анализа. Сметам дека и младиот Цветан Кузманоски беше `изгорен` непотребно. Ова беше меч во кој сите грешеа, па и селекторот, едноставно треба да се види што и како, треба да се анализира, да се види каде е проблемот. Со Словенија покажавме дека имаме квалитет, не красеше голема борба, а вечерва сето тоа го немаше и затоа критиките се тие. Убаво ќе биде да се извлече поука од вечерашниот пораз“ рече на крајот нашиот стручен коментатор.

ПретходноПоразот не значи само последни во група, Македонија ќе игра два баражи за СП
СледноГотово е: Дориан Бабунски се договорил со Рапид Виена за 20.000 евра месечна плата!