Важна информација за „Фалангата“: Дојдете порано во сала за да се избегне хаосот!

320

На првата средба против Словенија дел од македонските навивачи останаа пред „Феникс“ Арената подолго време. Причината за ова е слабата организација на домаќинот при влез на фановите, непосредно пред натпреварот се направи голема гужва, па оние кои дојдоа со своите деца поради ладното време се вратија назад.

За да не се повтори истата ситуација им препорачуваме на сите навивачи кои се во Дебрецен да дојдат порано во сала за да се избегнат гужвите и на време да влезат во сала.

Важно за сите е да носат пасош, потврдата од вакцинација, оние кои не немаат примено вакцина треба да приложат документ од ПЦР или пак документ за прележан Ковид-19 не постар од шест месеци. Заедно со билетите овие документи се „зелениот пас“ за влез во „Феникс“ Арена.

Оние навивачи кои на првата средба добија алка, истата треба да ја понесат, тоа е потврда дека имаат примено две вакцини.

Македонија засега ја има најголемата поддршка од трибините, „Фалангата“ го обои Дебрецен во „црвено-жолто“ и го живна градот, му даде европски ракометен шмек.

ПретходноТрадицијата на страна на Македонија, Црна Гора мора да падне!
СледноМарота му се јавил на Дибала и му понудил поголема плата од Јувентус