Втор пораз на ЕП: Македонија на „колена“ пред Црна Гора (ФОТО)

313

Македонската ракометна репрезентација на вториот меч на Европското првенство е совладана од Црна Гора со 24-28 за втора пораз. По овој дуел, нашите момци целосно ги изгубија шансите за пласман во главната фаза. За Црна Гора ова беше втор триумф на Европските првенства.

На оваа средба бевме ослабени, во составот поради Ковид-19 не беше Стојанче Стоилов, но се врати пак Никола Митревски. Тој запиша осум одбрани, Томовски шест.

Почнавме лошо, тоа ни создаде проблеми во текот на првото полувреме. Црна Гора поведе со 0-4, нам одбраната ни беше проблем, а исто и нападот. Томовски на стартот имаше две одбрани, но бадијала. Правевме грешки, Серафимов ги постигна првите три гола за Македонија (1-5, 2-5 и 3-5).

Црна Гора имаше и плус пет (3-8) во 14. минута. Лазаров повика тајм-аут, а на теренот малку живнавме. Влезе Миркуловски и Кузмановски, моментите кога одбраната функционираше Македонија парираше.

Дојдовме на 11-12, но одново и дозволивме на Црна Гора да се одлепи на три гола (12-15, 13-16). Митревски ја забележа првата одбрана, Велковски со четвртиот погодок намали на 16-17. Имавме шанса да израмниме, но не реализиравме.

На самиот старт израмнивме на 17-17, противникот имаше и играч по малку, две минути исклучување заработи Шевањевиќ, но не го искористивме тоа. Црна Гора со серија од 2-5 зголеми на 19-22 во 43. минута, ни одново со играч помалку примивме два гола.

Ова беше меч, кој Македонија можеше брзо да го реши. Но, никако не ги користивме сите џокери и исклучувања. Губевме топки, грешевме кога не требаше. Им подаривме еден број на топки на Црногорците, па токму затоа место да биде неизвесно, негативата дојде на 21-24 во 49. минута.

Овој резултат стоеше долго време, иако Митревски имаше серија на одбрани. Тие грешки од Словенија, за бадијала подарени топки, не оддалечуваа од победата.

Последен џокер за победа беше „седум на шест“. Кузмановски го прекина реализаторскиот молк за 22-24 по одбрана на Митревски. Не успеавме да се вратиме, губевме топки, на пет минути до крајот беше 22-26, негатива која беше недостижна во игра со многу технички грешки.

ПретходноИталијански репрезентативец потпиша за Кајзериспор
СледноМиркуловски: Со одење и стоење не се победува!