Готово е: Дориан Бабунски се договорил со Рапид Виена за 20.000 евра месечна плата!

2404

Готово е. Дориан Бабунски својата кариера ќе ја продолжи во Австрија и тоа во гигантот Рапид Виена. Австријците ќе ја платат откупната клаузула од 100.000 евра а Ботев Враца, а Македонецот ќе има плата од 20.000 месечно.

Бабунски веќе се збогувал со соиграчите и со раководството на клубот и сега е пред промоција.

Ова вечерва го пишуваат медиумите во Бугарија и велат дека тој досега во просечниот бугарски клуб како што е Ботев Враца земал само 2.000 евра месечно.

Се разбира дека за вака голем трансфер на нашиот репрезентативен напаѓач заслужни се одличните игри и голови во првенството на Бугарија.

ПретходноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Големо разочарување….
СледноЗа малку инцидент: Марко Ласица ги плукна Македонците, се вклучи и обезбедувањето (ВИДЕО)