Капитенската лента кај борецот – Филип Миркуловски

93

На денешниот меч против Црна Гора кој почнува за некоја минута, капитенската лента ја носи Филип Миркуловски. Големиот борец е најискусен на теренот, па оправдано да ја има оваа одговорност.

Македонија пред мечот со Црна Гора, втор на Европското првенство остана без Стојанче Стоилов, кој е позитивен на Ковид-19. Во составот се врати пак Никола Митревски, кој го пропушти дуелот со Словенија. Ново име е Кристијан Николовски.

Нашите момци ја бркаат првата победа во групната фаза, важна за останување во игра за следната фаза, но и за ждрепката за СП 2023.

ПретходноНојер и Баерн си подадоа рака, наскоро нов договор
СледноПребогатиот Њукасл во финишот испушти победа!