Литванци ќе и судат на Македонија, Начевски и Николов во центарот во Будимпешта

367

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) во „Феникс“ Арената го игра вториот меч на Европското првенство. Противник е селекцијата на Црна Гора, меч кој мора да се добие, за прва победа на континенталното натпреварување, за полесен пат кон следното Светско првенство.

ЕХФ ги делегираше судиите за нашата средба, правдата ќе ја дели литванската двојка Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика, додека пак дуелот меѓу Данска и Словенија (20:30 часот) им припадна на Шпанците Андреу Марин и Игнасио Гарсија.

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевскки го добија првото делегирање на Европското првенство, ќе ја делат правдата на Словачка и Литванија во рамките на групата Ф.

ПретходноПех за Портланд: Лилард мора на операција, пауза најмалку два месеци
СледноХрватите добија одлична вест: Лука Циндиќ може да игра против Србија