Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, по Нова година стапил во контакт со агентот на Дибала за да разговара за евентуален договор, откако Аргентинецот и формално ќе ја заврши соработката со Јувентус.
Италијанскиот првак ќе му понуди на Дибала 5-годишен договор со плата од 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси, како и голем бонус за потпис. Во Јувентус Дибала добива 7,3 милиони евра годишно.
Оваа сезона во Серија А Дибала на 15 натпревари постигна 6 гола и 3 асистенции, а и покрај инсистирањето на „Старата Дама“ да го продолжат договорот, засега нема нов „дил“.