Нојер и Баерн си подадоа рака, наскоро нов договор

109

Баерн (М) е блиску до потпишување нов договор со голманот Мануел Нојер. Репрезентативниот чувар на мрежата на селекцијата на Германија, има актуелен договор кој му истекува летото 2023 година.

Според германски „Скај Спорт“, страните веќе се договориле, само останува и формално да ја потпишат соработката. Новиот договор ќе биде во период од три години.

Нојер за Баерн игра од 2011 година. Претходно беше објавено дека голманот е подготвен да потпише договор за период од една година, но во ноември се појавија информации за желбата на Мануел да остане во Баерн до 2025 година.

ПретходноБаерн го здроби Келн и постави рекорд, Лева заокружи 300 гола во Бундес
СледноКапитенската лента кај борецот – Филип Миркуловски