Данска ја запиша втората победа на Европското првенство. Избраниците на Николај Јакобсен на дело покажаа зошто се еден од главните фаворити за освојување на златниот медал. Во второто коло од нашата група А ја совладаа Словенија со убедливи 34-23.
Во првото полувреме беше изедначено, Љубомир Врањеш и неговите момци се држеа, имаа негатива од еден гол на стартот, а пред одморот Данска поведе со плус три (12-15 и 13-16).
Дебаклот на Словенија се случи во вториот дел. Данска набрзина поведе со 15-22, момент од кој Врањеш не успеа да најде начин како да го спречи налетот на противникот.
Хансен со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Гидсел со еден гол помалку. Мацковчек на другата страна имаше шест гола.
По овој дуел, Македонија останува последна во групата, зад Данска, Црна Гора и Словенија, која е на третото место.
Данска е следен противник на Македонија во групната фаза, мечот се игра со почеток во 20:30 часот.