ПОЛУВРЕМЕ: Македонија – Црна Гора 16-17

143

Македонската ракометна репрезентација по првите 30. минути против Црна Гора на вториот меч од Европското првенство има негатива од еден гол (16-17). Кирил Лазаров на оваа средба остана без Стојанче Стоилов за кого групната фаза е завршена поради позитивен тест на Ковид-19, во составот се врати Никола Митревски.

„Феникс“ Арената и вечерва е исполнета со македонски фанови, од прв до последен заслужуваат победа.

Томовски има шест одбрани, Митревски две. Велковски со четири гола е прв стрелец, три има Серафимов и Цветан Кузманоски.

Отворивме лошо, со две загубени топки, два промашени напади. Црна Гора поведе набрзина со 0-4 иако Мартин Томовски имаше две одбрани. Македонија првиот гол го даде во петата минута, Серафимов беше стрелец (1-4). Истиот ракометар ги даде и следните два гола (беше 1-5, 2-5 и 3-5).

Одново застанавме, серија на промашени напади, беа доволни за да Црна Гора казни, со серијата од 3-0 поведе со 3-8 во 14. минута. Лазаров повика тајм-аут.

Во игра влезе Миркуловски, Македонија со неговиот погодок ја прекина серијата од пет минути без гол (14. минута). Имавме проблем со одбраната, нападот почна да функционира благодарение на Миркуловски и Кузмановски.

Но, беше потребна дефанзива. Минутите кога бевме добри, Македонија преку Пешевски и Костески намали на 9-11. Судиите имаа две чудни одлуки, едно исклучувањето на Талески, а потоа седмерецот за Црна Гора. И покрај ова „црвено-жолтите“ дојдоа на минус еден (11-12), Лазаров направи речиси целосна промена на составот во нападот.

Сепак одбраната беше таа која не беше константна. На пет минути до крајот на одморот на голот застана Митревски. Негативата беше три гола (12-15, 13-16).

Митревски ја забележа првата одбрана, Велковски со четвртиот погодок намали на 16-17. Имавме шанса да израмниме, но не реализиравме. Одиме со еден гол негатива.

Претходно“Пандевци“ го “врзаа“ младиот Трајков со професионален договор!
СледноФиорентина прифатила 70 милиони евра за Влаховиќ!?