Поразот не значи само последни во група, Македонија ќе игра два баражи за СП

1610

Тоа што не сакавме да се случи, вечерва во „Феникс“ Арената ни се удри по глава. Македонија не само што ќе заврши последна во групата А (тешко е да се надеваме на победа над Данска) на Европското првенство, туку поразот од Црна Гора (24-28) значи многу повеќе за она што допрва доаѓа кога станува збор за континуитет на големите натпреварувања.

Со три порази во група, македонската ракометна репрезентација ќе игра два баражи за пласман на Светското првенство, задача која не е ни малку едноставна. Згора на се, не знаеме дали во составот ќе го имаме и Кирил Лазаров како играч.

Овие момци кои се најдоа на списокот за ова ЕУРО ќе мора да созреат многу побрзо, со поголема самодоверба да чекорат во важните битки.

Црна Гора и Дебрецен треба да бидат голема лекција за сите нив, во текот на сезоната да работат на психолошкиот момент, битките не се добиваат со зборви, туку со дела, храборст, со дрскост…

ПретходноЛацио фуриозно против Салернитана (ВИДЕО)
СледноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Големо разочарување….