Пребогатиот Њукасл во финишот испушти победа!

123

Попладнево во меч од 22.коло во Премиер – лигата, пребогатиот Њукасл одигра 1:1 против екипата на Ватфорд. Стрелец на водечкиот гол за домашните беше Сент – Максимин во 49.минута. И тој резултат важеше се до 88.минута кога Педро успеа да израмни и да ги постави конечните 1:1.

Норвич со 2:1 славеше дома и тоа против Евертон. Прво Кин си постигна автогол во 16.минута за домашно водство. Само две минути Норвич поведе со 2:0 и тоа со голот на Идах. Гостите преку Бразилецот Ришарлисон успеа во таа 60.минута успеа само да го ублажи поразот.

Со резултат 3:1 Вулфси го победија Саутемптон. Хименез во 37.минута му донесе водство на својот тим. Во 59.минута Коади го зголеми водството на 2:0, додека Вард-Провс во 84.минута намали на 2:1. Сепак во 90+1. минута Траоре ги постави конечни 3:1 за триумф на Вулфси.

ПретходноКапитенската лента кај борецот – Филип Миркуловски
Следно“Пандевци“ го “врзаа“ младиот Трајков со професионален договор!