Реал остана без Алаба за финалето на Суперкупот

79

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба нема да може да му помогне на својот тим во финалето на шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао.

Според „Марка“, 29-годишниот Австриец немал време да се опорави од повредата на тетивата, па го пропушти и полуфиналниот меч со Барселона (3:2). Играчот ќе отпатува во Шпанија на комплетна рехабилитација.

Финалето на шпанскиот Суперкуп меѓу Атлетик Б. и Реал ќе се одигра утре во Ријад (Саудиска Арабија).

ПретходноЦрна Гора мора да се добие: Да удриме силно и храбро – за Македонија
СледноОФИЦИЈАЛНО: Џенова го отпушти Шевченко по 11 натпревари