Македонската ракометна репрезентација не успеа да дојде до посакуваниот триумф на Европското првенство. Црна Гора беше селекција против која се надевавме на два големи бода после онаа игра против Словенија. Но, она што го одигравме вечерва на терен беше далеку од посакуваното ниво. Едноствано не се дадовме шанса, делувавме бледо, немоќно…
Филип Талески по мечот со еден збор ја опиша нашата игра.
„СРАМНО!… Ништо друго не сакам да кажам!“
Македонија последниот меч од групната фаза го игра во понеделник, против Данска. Шансите за пласман во главната фаза веќе се изгубени.