Фантастичен гол на Де Брујн за победа на Сити над Челзи (видео)

129

Со голот на Кевин де Брујн погоди во 70 минута и со тоа донесе победа на Манчестер Сити над Челзи во дербито на 22. коло во Премиер лигата. Лидерот и второпласираниот тим се бореа за бодови, а на крајот ги освоија „граѓаните“ благодарение на погодокот на белгискиот офанзивец со шут од далечина, а претходно доби топка од Жоао Кансело.
Во првото полувреме Кепа го држеше Челзи на нула затоа што одбрани неколку одлични можности на составот на Пеп, му одбрани зицер на Грилиш, потоа ударите на Стоунс и на Де Брујн.
Лукаку се закани во 48. минута но голманот на Сити одбрани. Сепак „сините“ потклекнаа во завршницата и останаа без бодови.
Сити е лидер и има 13 бодови повеќе од второпласираниот Челзи. Ливерпул е на -14 но со два меча помалку во однос на тимот на Гвардиола.

ПретходноСерафимов го носи Тодороски во Залаегерсег!
Следно„Фалангата“ во еуфорија – ОДИМЕ НА ПОБЕДА! (ВИДЕО)