Напаѓачот на Фиорентина Душан Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. како што соопштува „Ла Република“, лондонски Арсенал испратил понуда од 70 милиони евра за српскиот напаѓач, а раководството на италијанскиот клуб е спремна да ја прифати.
21-годишниот Влаховиќ е вистински хит во италијанскиот шампионат, а посебно оваа сезона „експлодира“ па многу клубови пројавија интерес за него. Во 20 натпревари во Серија А тој постигна 16 голови, а исто така има и три гола во Купот. Инаку дојде од Партизан во 2018 година за нецели 2 милиони евра.