Покрај дуелот Македонија – Црна Гора, во терминот од 18 часот се одиграа уште три меча. Немаше изненадување, фаворитите си победија. Посебно тука мислиме на Франција која со 36:23 ја совлада Украина и се пласира во следната фаза.
Чешка со 27:19 без поголеми проблеми ја победи БиХ, тука во целиот меч немаше дилеми кој ќе победи на крајот. Ова беше прв триумф за Чесите на ова ЕП.
И во третиот меч, Словачка со 31:26 беше подобра од Литванија.