Ерлинг Халанд е една од главните теми за време на преодниот рок. Тој постигна два гола во убедливиот триумф над Фрајбург од 5-1, по мечот пред камерите се пожали дека од клубот има голем притисток.
Челниците на Борусија сакаат Халанд уште сега да донесе одлука за новиот клуб, што пак не му се допаѓа на 21-годишниот напаѓач.
„Во претходните шест месеци не сакав да зборувам за мојојата иднина од почит кон клубот. Но, сега веќе почнаа да ме притискаат да донесам одлука. Јас сакам да играм фудбал, но тие ме притискаат да донесам одлука за мојата иднина. Тоа значи дека наскоро ќе мора да одлучат.
Молчев од почит кон навивачите и кон клубот, но кога веќе ме притискаат ќе мора да се случат одредени работи“, изјави Халанд.
Халанд во дресот на Борусија одигра 77 натпревари и постигна 78 погодоци.