Коровирусот носи тажни и убави вести во таборот на сите земји учеснички на ова Европско првенство кое дефинитивно ќе биде запаметено по пандемијата и чудните ЕХФ правила. Селекторите за жал не можат да го скројат составот, кој тие го посакуваат.
Една од репрезентациите кои се соочува со вакви проблеми е Хрватска. Доцна предводникот, Хрвоје Хроват доби одлична вест. Лука Циндиќ е негативен на Ковид-19 и тој денеска ќе може да игра против Србија, најважниот меч во групната фаза.
Сигурно дека екс-вардарецот нема да може да помогне максимално, но 20 до 30 минути ќе бидат доволни за да Хрватска дојде до првата победа. На отварањето беше поразена од Франција.
Во составот на „коцкестите“ ќе ги нема Давид Мандиќ кој е суспендиран на еден натпревар додека Леон Шушња и Ловре Михиќ отпаднаа поради позитивни тестови на Ковид-19.