Хрватска покажа кој е кој во балканското дерби, Русија ја победи Норвешка!

289

Супер – дербито на ЕП во 2.коло меѓу Хрватска и Србија зврши со триумф на “коцкестите“ со 23:20. Заслужено ако се знае дека во текот на целиот меч водеа. Србија одигра добро, посебно во првиот дел, се виде дека има квалитет таа репрезентација, но сепак Хрватска покажа кој е кој во овој момент и на крилјата на Циндриќ ете успеа да се “извади“ по оној пораз од Франција на стартот на ЕП.

Имаше многу борба, дуел меѓу двете навивачки групи, имаше и навивање кое не требаше да има, но на крајот Хрватите славеа. И двете селекции имаат шанси за пласман во следната фаза. Србија се среќава со Франција а Хрватска пак против Украина.

Шпанија во дуел од групата – Е, во дербито, успеа да ја победи Шведска со 32:28. „Фуријата“ во текот на целиот меч бепе подобар ривал и успеа да триумфира во овој многу важен меч за двете селекции.

Мало изненадување на дуелот меѓу Русија и Норвешка од групата – Ф. Победа на Русите со 23:22, кои веќе се во втората фаза. Имено тие имаат две победи по двата меча. Драматично беше во самиот финиш, но Русите ја заслужија победата.

ПретходноПокажаа зошто се фаворити за тронот: Данците и одржаа лекција на Словенија
СледноБетис – Севиља во прекин поради инцидент (ВИДЕО)