Експедицијата на есенскиот првак, тимот на Шкупи попладнево пристигна во Анталија, во својата традиционална база каде ќе ја одработи главната фаза од тековните подготовки. Во одлично расположение, четата на стратегот Гоце Седлоски допатува во Анталија каде ќе одигра и неколку пријателски средби на кои ќе се темпира формата во пресрет на пролетниот дел од сезоната каде што ќе се брани првото место на табелата во ПМФЛ.